Тренерот на Струга Трим Лум, Ќатип Османи, го најави стартот на новиот шампионат и порача дека целта на неговиот тим е да ја одбрани шампионската круна.
Ростерот на стружани е сериозно изменет, а непосредно пред стартот замина најдобриот стрелец Бесарт Ибраими, кој се врати во Шкендија.
„Струга Трим Лум сѐ уште е претендент за шампионската титула и дефинитивно со такво педигре ќе мораме на секој натпревар да одиме на победа. Тиквеш покажа висок квалитет во текот на минатата сезона, па во недела нѐ очекува многу тежок натпревар. Згора на тоа, почетокот на првенството е секогаш многу тежок, но мислам дека имаме квалитет и јас сум оптимист за победа“, вели Ќатип Османи.
„Доведовме поголем број квалитетни фудбалери во овој трансфер период. Некои од нив во овој двомесечен период што сме заедно, можам да кажам дека се пронајдоа, но за некои мислам дека е потребно малку повеќе време. Се надевам дека и тие набрзо ќе се вклопат во тимот и ќе функционираме уште подобро“, дополни Османи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













