
Недостатокот на агресивност, како и погрешниот пристап на почетокот на натпреварот, се главните причини за поразот на Струга ТЛ од Слован Братислава (1-2) во Охрид. Ова е констатацијата на тренерот Ќатип Османи, кој како вистински спортсмен му посака успех на противничкиот тим во натамошните натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите.
„На почетокот на натпреварот влеговме со погрешен пристап, не бевме јасни во нашите позиционирања, што не ни дозволи да ја бараме играта ‘еден на еден’. Мислам дека поради таа грешка го примивме првиот гол. Потоа, од акцијата каде што не ги покривме добро линиите на средниот ред на противникот, дојде и вториот гол“, изјави тренерот Ќатип Османи, признавајќи дека на тимот му недостасуваше агресивност на теренот.
„Недостасуваше агресивност во овој натпревар, особено во првото полувреме, каде што Слован Братислава беше и побрз и поагресивен во дуелите. Не ги знам статистиките, но и во двата дуела тие беа убедливо подобри од нас, така што мислам дека тоа е причината зошто го загубивме натпреварот. На тимот на Слован му посакувам многу успех во натамошните натпревари“, изјави тренерот Ќатип Османи на прес-конференцијата по натпреварот.
Струга ТЛ ќе го продолжи европско патување во Конференциската лига, каде во второто квалификациско коло ќе се сретне со ерменскиот тим Пјуник. Првиот натпревар ќе го игра на домашен терен на 25 јули, додека реваншот ќе се игра на гости на 1 август.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец
