Ренова го отвори пролетниот дел од првенството на најлош можен начин, со два порази. По дебаклот дома од Беласица (2-4), „гипсарите“ загубија и на гостувањето кај Пелистер со 3-1. Тренерот Ќатип Османи вели дека неговиот тим прави многу грешки и тоа е фатално за резултатите. Но, верува дека тимот ќе се издигне и дека ќе успее да избори опстанок.
„Ќе биде навистина тешка битката за опстанок. Предност имаат екипите кои се на средината и кои собраа 25-26 бодови, но и тие се несигурни. Пет-шест бодови не се некоја голема разлика. Неизвесноста ќе трае до крајот на првенството“, вели Ќатип Османи.
Тој не е задоволен од изданието на тимот на дуелот со Пелистер.
„Честитки за екипата на Пелистер. Индивидуалните грешки го решија натпреварот. Ни се случија против Беласица, а сега се повторија и против Пелистер. По дуелот минатата недела ни влезе несигурност во редовите, а истата се потврди и со Пелистер. На моменти игравме како што се договоривме, посебно во првиот дел. Вториот примен гол беше решавачкиот момент на натпреварот“, истакна тренерот на Ренова.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski