
Арсенал дефинитивно доби потврда за катастрофалните вести околу повредата на стоперот Габриел Магалаеш, кој се повреди на натпреварот против Фулам во вторникот навечер.
Габриел го напушти теренот уште во воведните минути од натпреварот поради повреда на задната ложа, а денеска беше потврдено дека ќе мора да оди на операција.
Со тоа, за Габриел сезоната веќе заврши, а јасно е дека Микел Артета нема да може да смета на него за натпреварите против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, како и за остатокот од сезоната.
„Габриел во наредните денови ќе биде подложен на хируршка интервенција на тетивата и веднаш ќе започне со програмата за опоравување и рехабилитација, со цел да биде подготвен за почетокот на следната сезона“, соопштија од Арсенал.
Габриел оваа сезона одигра вкупно 42 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања, постигна пет голови и запиша три асистенции. Заедно со Вилијам Салиба формираше одличен стоперски тандем во редовите на „топчиите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
