
Тензиите во Манчестер Јунајтед се сѐ поголеми поради слабиот старт на сезоната и една од ѕвездите на тимот Кашемиро размислува за бегство од „Олд Трафорд“, пишуваат медиумите на Островот.
31-годишниот дефанзивен играч за врска пристигна во Манчестер во летото 2022 година за сума од 70 милиони евра и статус на петкратен освојувач на Лигата на шампионите со тимот на Реал Мадрид.
Тоа автоматски го направи главна тема на разговор бидејќи надежите во клубот беа дека со магично стапче ќе ги реши сите проблеми во средниот ред, што во моментов не се случува.
Веќе се појавија шпекулации за можниот наследник на Кашемиро.
Можна алтернатива е Жоао Невеш од Бенфика. 19-годишниот фудбалер дебитираше за португалската репрезентација минатата недела во победата од 5-0 над Босна и Херцеговина, иако на теренот мина само пет минути.
Тој летото потпиша петгодишен договор со „орлите“ и тоа ќе го направи многу тешка цел дури и за клуб со финансиски средства на Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
