
Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао, одговори на новите критики кои му ги упати поранешниот репрезентативец на Италија, Антонио Касано.
По финалето на Суперкупот на Италија, во кое Милан го победи Интер со пресврт, Касано изјави дека Леао не е доволно добар за да игра за седумкратниот шампион на Европа.
„Леао не знае како да игра тимски и Консеисао брзо ќе разбере дека е нула од играч и фолирант“, изјави Касано гостувајќи во една ТикТок емисија.
Португалецот, кој влезе во игра против Интер во 50. минута и асистираше за победничкиот гол на Тами Абрахам, ја коментираше изјавата на Касано на својот „X“ профил, нарекувајќи го „кловн“.
Новиот тренер на Милан, Серџо Консеисао, го пофали Леао по освојувањето на Суперкупот, но исто така напомена дека има уште многу сегменти на кои треба да работи неговото крило.
„Леао е феномен, а ако направи уште неколку промени, ќе биде еден од најдобрите играчи на светот до крајот на сезоната“, изјави Консеисао.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
