Connect with us

Карим Бензема и Карло Анчелоти со признанијата на УЕФА за најдобри за минатата сезона

Францускиот интернационалец Карим Бензема и неговиот тренер во Реал Мадрид, италијанскиот стратег Карло Анчелоти, ги добија признанијата за најдобри според УЕФА во сезоната што измина, а „кралевите“ ја освоија европската круна.

Бензема постигна 15 гола во ЛШ минатата сезона, од кои дури 10 во нокаут фазата. Во конкуренција уште беа и Тибо Куртоа и Кевин де Бруин.

За најдобра фудбалерка е избрана Алексис Путеља која игра за Барселона, а наградата ја доби вторпат последовно.

Најдобар тренер е Карло Анчелоти, кој го предводеше Реал Мадрид до 14. трофеј во ЛШ, а за него лично четврти во најквалитетното европско натпреварување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови