
Арсенал е елиминиран од Карабао купот, откако загуби на гости кај Вест Хем со 3-1. Бен Вајт си даде автогол, Кудус зголеми на 2-0, а третиот гол за Вест Хем беше дело на Џерод Боувен во 60. минута. Почесниот погодок за Арсенал го постигна Мартин Одегард во судиското продолжение.
Ливерпул славеше на гости против Борнмут со 1-2 и се пласира во осминафиналето. Коди Гакпо и Дарвин Нуњез ги постигнаа головите за „црвените“, а Џастин Клајверт погоди за домаќинот.
Челси го победи Блекбурн со 2-0. Бадијашил и Стерлинг беа стрелци за „сините“.
Евертон беше убедлив против Барнли и славеше со 3-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
