Новиот селектор на македонската репрезентација до 21 година, Драган Канатларовски, за предизвиците со кои ќе се соочи заедно со неговиот тим.
„Чувствувам уште поголема енергија, уште поголема сила и мотивација да се докажам на новата функција. Македонија до 21 година остави голем печат со учеството на Европското првенство и ќе работиме максимално фокусирано да се обидеме да го повториме тој резултат. Фудбалерите нека работат, нека бидат подготвени во секој момент да го остават срцето на терен за својата земја. Да веруваат во себе и пласман на големо натпреварување. Сигурен сум дека ќе ја оправдам довербата, посебно што зад себе имам големо репрезентативно искуство како фудбалер, но и како предводник на најдобрата македонска репрезентација“, изјави Канатларовски.
Во стручниот штаб на селекторот Драги Канатларовски се вклучени асистентите Шкумбин Арслани и Драган Начевски и тренерот на голмани, Зоран Мицевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













