
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година. На 11. октомври на тренинг центарот „Петар Милошевски” гостува Украина. Пет дена подоцна на Националната арена “Тодор Проески” го пречекуваме топ фаворитот во групата, селекција на Франција.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски очекува добри изданија на младиот национален тим.
„Задоволен сум од освоените четири бода од последните квалификациски натпревари, особено мечот против Ерменија во Ереван каде што одигравме многу квалитетно и успеавме да издвојуваме победа на многу тежок терен.
Сакаме да ја пренесеме таа позитивна атмосфера и на претстојните натпревари против Украина и Франција. Не очекуваат два извонредно тешки натпревари против силни и квалитетни селекции. Фокусот е на дуелот со Украина, мислам дека шансата за освојување на три бода треба да ја бараме на овој натпревар. Франција е апсолутен фаворит во групата. Треба да покажеме пред сѐ квалитет и храбра игра на двата меча. Ќе дадеме се од себе да се претставиме во добро светло пред домашната публика.
Повторно се соочуваме со проблеми и отсуство на неколкумина стандардни фудбалери во тимот. Стефан Чолаковски и Метју Божиновски се многу важни за оваа селекција, но за жал и на овие натпревари не добија дозвола од нивните клубови поради здравствени Ковид-19 ограничувања. Агон Елези, исто така многу битен фудбалер, поради повреда нема да биде во можност да конкурира за настап. Дополнителен проблем за нас претставува и фактот што голем дел од репрезентативците, посебно од домашниот шампионат, немаа голема минутажа во клубовите. Но, тоа е предизвик со кои се соочуваме веќе извесен период. Сепак, гледаме позитивно и веруваме во наши добри натпревари“, вели Канатларовски.
Метју Божиновски и Стефан Чолаковски не добија дозвола од своите клубови поради Ковид-19 рестрикциите во Австралија. Поради повреда на скочниот зглоб неизвесен е и фудбалерот на Работнички, Лука Станковски.
Собирот на репрезентацијата е закажан на 7. ноември во 10 часот во хотел „Александар Палас“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
