Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година го отвора новиот квалификациски циклус за ЕП 2023 во Романија и Грузија. Со нов селектор, Драги Канатларовски, новата надежна генерација веднаш е пред голем испит. Гостува во Ле Ман против големиот фаворит Франција.
„Очекуваме тежок натпревар, Франција е апсолутен фаворит во нашата група. Нема да се предадеме, ќе го дадеме максимумот, очекувам да одиграме на високо ниво, верувам во моите фудбалери. Се соочивме со проблем на стартот на подготовките, четворица наши стандардни фудбалери не се на располагање, но што е тука е. Останатите фудбалери тренираа одлично, ги разбираат моите идеи. Желбата за докажување е огромна. Со нетрпение го очекуваме натпреварот“, изјави Драги Канатларовски.
Натпреварот меѓу младите селекции на Франција и на Македонија е закажан за 18.30 часот на „ММ Арена“ во Ле Ман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













