Connect with us

Камавинга потпишува нов договор со „кралскиот клуб“

Реал Мадрид со нов договор ќе го заштити Едуардо Камавинга. Првите контакти меѓу „кралевите“ и агентите на францускиот играч започнаа на крајот на април, пишува „Релево“. Во канцелариите на „Сантијаго Бернабеу“ имаа намера да му покажат на 20-годишниот играч колку се задоволни од неговиот напредок и по неколкумесечни разговори преговорите конечно беа завршени.


Камавинга е пред потпис на нов договор со Реал Мадрид, со подобри услови. Џонатан Барнет, агентот на играчот од средниот ред, е во шпанската престолнина каде ги финализира преговорите.

Барнет им ја пренел понудата на Реал Мадрид на родителите на играчот и како што пренесува „Релево“ останува само потписот кој се очекува во следните неколку дена. Договорите се веќе финализирани, иако допрва треба да се разработат некои детали.

Претседателот Флорентино Перез е најголемиот обожавател на Едуардо Камавинга, за неговиот дух, пожртвуваност и за техничките квалитети.

Камавинга имаше договор со Реал Мадрид до 2027 година. Тој пристигна во 2021 година на шестгодишен договор. Идејата на клубот беше да се обиде да го продолжи и тоа времетраење.

Играчот е целосно задоволен и во клубот и од животот во Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови