Италијанскиот калчолигаш Јувентус е подготвен да тргне по Габриел Жесус, напаѓачот на Манчестер Сити. Како што откриваат британските медиуми, „старата дама“ на барање на тренерот Масимилијано Алегри сака да доведе нов напаѓач кој подолг период би можел да биде член на Јувентус.
Кристијано Роналдо најверојатно ќе остане, но Алегри планира Габриел Жесус да биде долгорочен проект во Торино.
Ова секак му создава дополнителен притисок на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Габриел Жесус е единствениот напаѓач што му остана на „Итихад“ по заминувањето на Серхио Агуеро во Барселона. Тој ќе се обиде да го доведе Хари Кејн, а како „бек ап“ варијанта се споменува и Роберт Левандовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













