Јувентус го одбил новиот обид на Барселона за доведување на дефанзивецот, Матијс де Лихт. Каталонците првично се поврзуваа со трансфер на холандскиот репрезентативец и на Френки де Јонг од Ајакс на почетокот на сезоната 2019/20.
Сепак, Де Лихт на крајот се одлучи да се приклучи на Јувентус за сума вредна 75 милиони евра. Но, за време на овие две сезони во Торино, дефанзивецот не се покажа во најдобро светло, а тоа доведе до шпекулации дека италијанскиот клуб сака да продаде.
Најновите информации велат дека „старата дама” не е заинтересирана за продажба на младиот талент и понудата на Барселона е веќе одбиена. Наводно, двата гиганти преговарале за Де Лихт на средбите околу формирањето на Европската Суперлига, но Јувентус останува цврст во својата заложба за задржување на 21-годишниот централен одбранбен фудбалер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













