Connect with us

Јувентус на дербито против Наполи без половина тим

Јувентус освои само еден бод во првите две кола од новата сезона во Серија А, но и по репрезентативната пауза нови проблеми за „старата дама“. Масимилијано Алегри нема да може да смета на половина тим за дуелот со „наполитанците“.


Последниот што отпаѓа од комбинација е Федерико Киеза. Италијанскиот репрезентативец денеска направи магнетна резонанца, повреда не е утврдена, но Јувентус сепак одлучи да не ризикува, па одличниот фудбалер нема да отпатува за Неапол.

Освен Киеза, нема да играат Бразилците Алекс Сандро и Данило, кои ќе пристигнат во Италија само неколку часа пред натпреварот на стадионот „Диего Марадона“.

Очигледно, Алегри нема да може да смета на Хуан Куадрадо, Пауло Дибала и Родриго Бентанкур, кои исто така имаа обврски во квалификациите за СП во Јужна Америка.

Евентуалниот пораз против Наполи сигурно би бил огромен удар за Јувентус на стартот од сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови