Connect with us

Јувентус му нуди спас на Џејдон Санчо

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, би можел да ја продолжи кариерата во Италија. Јувентус е заинтересиран за крилниот напаѓач и нуди позајмица.


Клубот од Торино е подготвен на договор само доколку Манчестер Јунајтед плаќа и понатаму поголем дел од неговата плата.

Манчестер Јунајтед објави суспензија на Санчо од тренинзите на првиот тим по судирот со менаџерот Ерик тен Хаг. Тој е подготвен да го врати играчот во составот само доколку Санчо му се извини нему и на тимот.

Сепак, фудбалерот одби да го стори тоа и евидентно е дека го чека преодниот рок за да го напушти „Олд Трафорд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови