Јувентус и Аталанта постигнаa договор за трансферот на офанзивниот играч од средниот ред, Tун Копмајнерс, во торинскиот гигант, пренесува „Газета дело Спорт“.
Според изданието, договорот ќе биде вреден 50 милиони евра, со дополнителни 5 милиони во форма на бонуси. Како што е познато, самиот играч одамна ги договори личните услови со „старата дама“. Сепак, трансферот ќе стане реалност само кога Аталанта ќе успее да доведе негова замена, а тоа е Мат О’Рајли од Селтик, за кого нудат 25 милиони евра.
„Бјанконерите“ се многу блиску до засилување и во одбраната, бидејќи се договориле со Милан за Пјер Калулу, кој ќе пристигне на позајмица за 3,5 милиони евра со опција за откупување во износ од 12+3 милиони. Французинот исто така ја дал својата согласност да прејде на „Алијанц Стадиум“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













