
Полскиот голман Војчех Шчешни на крајот на сезоната би требало да ги напушти редовите на Јувентус, откриваат медиумите во Италија. Тој не задоволи со своите настапи, а Масимилијано Алегри е во потрага по нов голман.
На „чизмата“ тврдат дека Алегри не е задоволен од полскиот голман и дури го смета за еден од главните виновници за катастрофалниот старт во новата сезона. Затоа се очекува „бјанконерите“ да доведат нов голман за следната сезона.
Јувентус веќе го избрал голманот што сака да го види на „Алијанц“ стадионот следното лето. Тоа е најскапиот голман во историјата на фудбалот, Кепа Аризабалага, кој во моментот е резервен голман на Челси откако Томас Тухел седна на клупата.
Едуард Менди во моментов е незаменлив на голот на актуелниот европски шампион, а Кепа отсекогаш бил голема желба на Јувентус. Тој требаше да пристигне во Торино и како наследник на легендарниот Џанлуиџи Буфон, но, сепак, пред три години од Атлетик Билбао во трансфер вреден 80 милиони евра се пресели во Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
