Connect with us

Јуве брзо се откажува од Кулушевски, следна дестинација Премиер – лигата

Тотенхем пројавува интерес за Дејан Кулушевски, а Јувентус очекува негова продажба во јануари во обид да го ангажира Душан Влаховиќ од Фиорентина.

Италијанскиот новинар Даниеле Лонго тврди дека Јуве го остварил првиот контакт со Влаховиќ пред неколку недели, но негово доведување на “Алијанц Стадионот” нема да биде воопшто лесно, бидејќи Фиорентина сака да заработи повеќе од 60 милиони евра од продажбата на Србинот.

Сепак, за да се одржи финансиската рамнотежа, „бјанконерите“ ќе се обидат да го продадат Кулушевски во јануари. Ова ќе им овозможи да го доведат Влаховиќ за време на зимскиот преоден рок, но не е исклучена и опцијата за размена на овие двајца фудбалери.

Швеѓанецот, кој пристигна во Јувентус од Аталанта, е на радарот на други клубови од Серија А. Се верува дека негова единствена желба е да игра во Лигата на шампионите, а раководството на “старата дама” би била спремна да го продаде за одредена сума.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови