
Манчестер Јунајтед се приклучува во борбата за потписот на Kвича Kварацкелија. Според информациите на „Л’Екип“, „црвените ѓаволи“ планираат да му понудат на Наполи размена, при што би го добиле Кварацкелија, а Маркус Рашфорд би се преселил во Неапол.
Рашфорд сигурно нема да остане на „Олд Трафорд“, но сè уште не е јасно дали ќе биде продаден во јануари или ќе се раздели со клубот во летниот преоден рок, кога му истекува договорот. Меѓу заинтересираните за англискиот репрезентативец се Милан, Комо и Вест Хем, но сите тие би имале проблем со неговата висока плата.
Кварацкелија има договор со Наполи до 2027 година, но јасно стави до знаење дека не сака да потпише нов договор. Сега, Наполи е во позиција да го продаде за највисока можна цена. Веќе се водат преговори со Пари Сен Жермен, а споменатата сума изнесува 80 милиони евра.
Според одредени извори, грузискиот фудбалер веќе преговара за личните услови со францускиот гигант. Ако прејдее во ПСЖ, ќе заработува четирипати поголема плата од онаа во Наполи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
