Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед му дозволи на Џеси Лингард вториот дел од сезоната да го мине во редовите на Вест Хем. Поранешниот англиски репрезентативец немаше минутажа во составот на Оле Гунар Солскјер, а неговиот договор на „Олд Трафорд“ истекува во јуни 2022 година.
Лингард заминува кај Дејвид Мојес кој добро ги знае неговите квалитети од периодот кога беше предводник на „црвените ѓаволи“. Манчестер Јунајтед ќе добие 1,5 милиони фунти за шестмесечната позајмица, а Вест Хем комплетно ги превзема обврските кон фудбалерот.
Вест Хем се наоѓа на петтата позиција на табелата во Премиер – лигата со 35 бода и има амбиции за највисок пласман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













