Холандскиот интернационалец Дони ван де Бек не е задоволен од статусот во англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Тој беше доведен како големо засилување од Ајакс на „Олд Трафорд“, но не добива доволна минутажа од менаџерот Оле Гунар Солскјер. Поради тоа сака да замине во Серија А.
За него сериозен интерес покажува Антонио Конте, тренерот на Интер, кој би сакал да го доведе на позајмица до крајот на сезоната. Интер се надева дека оваа сезона конечно ќе успее да ја освои шампионската титула во Италија, а Конте сака да има широк ростер, посебно што Кристијан Ериксен е на трансфер – листа и многу веројатно ќе го напушти Милано.
Ван де Бек исто така сака да замине во средина каде ќе биде стандарден за да може да се наметне за настап во репрезентацијата на Холандија на Европското првенство. Ситуацијата ја следи и Андреа Пирло, кој би го довел на позајмица во Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













