Ливерпул подготвува изненадувачка понуда за фудбалерот од средниот ред на Шефилд Јунајтед, Сандер Берге. Според „Јоркшир пост“, Норвежанецот го привлекол вниманието на Јирген Клоп, кој сепак решил да се обиде да ангажира нов играч од средниот ред поради кризата со повреди во тој дел од теренот.
Германецот во моментов не може да ги користи Тијаго Алкантара, Куртис Џонс, Алекс Окслејд-Чемберлен и Наби Кеита, кои се надвор од терените со различни повреди.
Шефилд Јунајтед го потпишаа Берге од белгискиот Генк за 22 милиони фунти во јануари 2020 година. Оттогаш тој стана клучен играч на тимот и клубот му одреди клаузула за ослободување од 35 милиони фунти.
Ливерпул летово се засили со тројца нови фудбалери, Дарвин Нуњез, Фабио Карвалјо и Калвин Ремзи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













