Јасин Бoну е најновото засилување за Ал-Хилал. Мароканскиот голман потпиша договор со клубот од Саудиска Арабија до 2026 година. Севилја за него ќе добие отштета од вкупно 21 милион евра.
32-годишниот голман последен пат играше за Андалузијците во средата кога тимот на Хозе Луис Мендилибар го загуби натпреварот од Суперкупот на Европа против Манчестер Сити на пенали.
Бону минатата сезона забележа 36 настапи за Севилја во сите натпреварувања. Брилијантно се претстави и на Светското првенство во Катар, каде Мароко стигна до полуфиналето.
Пред само неколку дена Ал-Хилал потпиша со бразилската ѕвезда Нејмар, а претходно се засили со Рубен Невеш, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Калиду Кулибали и Малком.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













