
Работнички успеа да освои важен бод во Тетово против Шкендија играјќи 1-1. Лука Станковски беше стрелец на погодокот за „романтичарите“ во 51.минута, откако одлично реагираше на вториот дирек по центаршутот на капитенот Горан Силјановски од слободен удар.
Претходно, Шкендија поцеде во 16.минута, со голот на Бесарт Ибраими, а по двојното проигрување со Љупчо Дориев. Мора да се истакне одличниот настап на голманот на Работнички, Ристо Јанков, кој одбрани неколку „зицери“ на домашниот тим.
Вардар и Ренова ремизираа 3-3, а одиграа офанзивно уште од самиот старт. Мартин Мирчевски и Јован Попзлатанов ги доведоа „црвено-црните“ во водство од 2-0, намали Ремзифаик Селмани, а Филип Петковски постигна гол за 3-1. Но, до полувремето погоди и Башким Велија и на одмор се замина со предност за Вардар од 3-2. Така беше се до 90.минута, кога Ален Јашароски израмни на 3-3 и му ја одзема победата на Вардар.
Македонија ЃП со 3-1 го совлада составот на Академија Пандев. Арби Воша уште во втората минута постигна прекрасен погодок, но гостите од Струмица израмнија со погодокот на Марио Маслаќ во 45.минута. Сепак, вториот дел им припадна на „лавовите“. Филип Мишевски во 50.минута донесе нова предност за Македонија ЃП, а триумфот го завери Калид Абдул во 64.минута од мечот.
Пелистер спаси бод против Струга Трим Лум (1-1). Анес Хот во 91. минута погоди за израмнување, откако Нијас Лена донесе предност за стружани во 77.минута од натпреварот.
Беласица и Борец во Струмица ремизираа 2-2. Домаќинот дојде во водство со голот на Антонио Каланоски од пенал во 45.минута, но Борец направи пресврт преку Марјан Ристовски и Никола Прелчец. Сепак, Беласица стигна до реми и втор бод со погодокот на Стефан Сулев во 72.минута.
ПРВА ЛИГА, 10.КОЛО
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-1
ВАРДАР – РЕНОВА 3-3
ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-1
БЕЛАСИЦА – БОРЕЦ 2-2
ВЧЕРА: ШКУПИ – СИЛЕКС 1-0
Табела: Шкендија 22, Шкупи 22, Македонија ЃП 19, Борец 16, Струга ТЛ 15, Силекс 14, Работнички 12, Пелистер
12, Вардар 12, Ренова 8, Академија Пандев 7, Беласица 2.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Тешка повреда за Кристијан Велиновски во Азербејџан

Евро-фудбал
Шевченко ќе го замени Пиоли на клупата на Милан?

Интернационалци
Мирсад Јонуз е нов тренер на Лирија Призрен

Интернационалци
Тешка повреда за Кристијан Велиновски во Азербејџан
