Бразилскиот тим Ботафого е новиот освојувач на Копа Либертадорес. Ова се случи по победата со 3-1 против Атлетико Минеиро во големото финале.
Успехот беше на работ на херојството, бидејќи победниците играа со играч помалку уште од 34-та секунда на натпреварот.
Инаку, составот од Рио де Жанеиро поведе со голови во првото полувреме, постигнати од Луис Енрике во 35. и од Алекс Телеш во 44.минута, додека противникот од Бело Хоризонте намали на почетокот од вториот дел со гол на Едуардо Варгас во 47.минута.
Конечниот резултат беше поставен длабоко во судиското продолжение, кога Жуниор Сантос ја донесе големата радост за победниците.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













