Напаѓачот на Северна Ирска, Кајл Лаферти е исфрлен од националниот тим поради пцовки упатени кон британските католици, соопшти Фудбалската асоцијација на Северна Ирска.
„Фудбалерот од Северна Ирска, Кајл Лаферти нема да игра на претстојните натпревари од Лигата на нации. Фудбалскиот сојуз на Ирска е запознаен со видео кое кружи на интернет”, соопшти Фудбалската асоцијација.
Контроверзното видео на Лаферти како го изговара таканареченото „секташко проклетство“ стигна до неговиот клуб Килмарнок, кој најави истрага за ситуацијата во која е вмешан искусниот напаѓач.
Кајл Лаферти се прослави како фудбалер на Глазгов Ренџерс, а пцовката што ја употреби беше насочена против британските католици, кои главно се навивачи на шкотскиот Селтик, лутиот ривал на Ренџерс.
Поранешниот напаѓач на Барнли, Сион, Палермо и на бројни клубови е вториот најдобар стрелец во историјата на Северна Ирска со 20 гола, пред него е само Дејвид Хили со 36 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













