Пресметка под Шара на двете првопласирани екипи во Првата фудбалска лига. Шкупи патува на мегдан кај Шкендија и сака со триумф да го преземе првото место на табелата. Бесар Исени вели дека трите бода се целта на Шкупи на денешното дерби.
„Репрезентативната пауза ја искористивме на најдобар можен начин, работевме максимално. Се трудевме да ги подобриме слабите страни во нашата игра. Атмосферата е позитивна, одиме во Тетово да се надигруваме и да победиме. Дуелите со Шкендија отсекогаш биле тешки за играње, досега сме победувале, сме играле нерешено со оваа екипа. Сега одиме во Тетово со намера да победиме, одиме да ги освоиме трите бода. Имаме одредени проблеми со повреди, но тие што ќе добијат шанса секако дека ќе го дадат максимумот“, вели капитенот на Шкупи, Бесар Исени, пред денешниот дерби меч против Шкендија.
Шкупи во моментот има два бода помалку од лидерот Шкендија, а тимот од Чаир го мачат повредите на Наумовски и на Глишиќ.
Standings provided by SofaScore LiveScore
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski