Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, изрази задоволство од победата на неговиот тим со 0-3 на гости против Емполи, истакнувајќи дека играчите одиграле одлично.
„Момчињата се справија одлично, но натпреварот не беше лесен. Знаевме дека ќе имаме одредени предизвици. Во првото полувреме премногу бавно ја движевме топката, но им кажав на фудбалерите дека противникот ќе се умори. Тие играа со човек помалку и требаше само побрзо да додаваме“, објасни Инзаги.
Тој се радува и за погодокот на Лаутаро Мартинез.
„Сите сме многу задоволни од него. Знам колку е важно за еден напаѓач да постигнува голови. Лаутаро секогаш ќе биде решение за нас, а не проблем. Неговите настапи се на постојано високо ниво. Иако има одиграно многу натпревари, сакав да го оставам на теренот до крај. Радосен сум и за него и за Давиде Фратези, кој постигна два гола. Мораме да продолжиме да работиме, бидејќи индивидуалното задоволство доаѓа после тимскиот успех“, истакна тренерот на „нероаѕурите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













