Интер во последните моменти успеа да постигне победички гол (1-2) против Лече на отворањето на новата сезона во Серија А. Симоне Инзаги е среќен поради триумфот, но истакнува дека неговиот тим мора да игра подобро на следните натпревари.
„Ова е победа која ја остваривме со срце, затоа што верувавме дека можеме до победа и во последните мигови. Но, искрено, тоа е единствената позитивна работа од овој натпревар. Мора да играме многу подобро на наредните натпревари. Овој тим има огромен капацитет и мора да го покажува на теренот. Во финишот, тргнавме на се или ништо, игравме со четворица напаѓачи и тоа се исплатеше. Но, не би сакал другпат да се доведеме во ваква ситуација“, изјави Инзаги.
Дензел Дамфрис постигна победнички гол за Интер во 94.минута од натпреварот против Лече.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













