Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, го сподели своето мислење за битката за титулата во Серија А. Во натпреварот од 27. коло „нероаѕурите“ на домашен терен ја победија Џенова со 2-1 и сега имаат огромни 15 бода предност пред првиот конкурент.
„Очигледно, ние ја држиме нашата судбина во свои раце. За 33 дена ја зголемивме предноста во однос на Јувентус на 15 бода, но мора да останеме фокусирани. Во фудбалот сум долги години и знам како оди тоа. Има уште многу натпревари до крајот, треба да одиграме три натпревари пред репрезентативната пауза против многу сериозни ривали, Болоња, Атлетико и Наполи“, изјави Инзаги.
Интер е неприкосновен лидер на табелата во Серија А. Тимот собра 72 бода на 27 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













