Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, изјави дека е задоволен од настапот на тимот на натпреварот против Болоња (2-2) и жали единствено за пропуштената победа. „Нероаѕурите“ се второпласирани на табелата со три бода помалку од лидерот Наполи, кој има еден натпревар повеќе.
„Честитки за Болоња. Знаев дека се тежок противник. Игравме добро, но истовремено направивме многу грешки. Ни постигнаа два гола по одбиена топка. Жал ми е што не ги освоивме трите бода, но не можам да ги критикувам момците, затоа што на теренот го правеа тоа што го барав од нив“, изјави Инзаги.
„Нормално е да сме разочарани. Имавме повеќе од една или две шанси за победа на крајот. Жално е за пропуштените можности. Сепак, и Болоња заслужува пофалби. Треба да им оддадеме признание на противниците“, нагласи поранешниот напаѓач.
На прашањето за ситуацијата на врвот на табелата, Инзаги одговори:
„Треба да се фокусираме само на себе. Сме во добра позиција, но густиот распоред ни создава проблеми, како и на другите тимови. Мора да дадеме уште повеќе од себе, бидејќи секој натпревар во лигата е тежок“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за дуелот со Реал Сосиедад
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













