Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, призна дека неговиот тим одиграл слабо против Фиорентина и дека поразот е целосно заслужен. „Нероаѕурите“ загубија со 0-3 на „Артемио Франки“ и ја пропуштија шансата да се израмнат со лидерот во Серија А, Наполи.
„Не влеговме добро во натпреварот и практично бевме отсутни цело време. Заслужено загубивме. Честитки за Фиорентина“, изјави Инзаги.
„Доцневме во реакциите при нападите на Фиорентина, иако имаше предупредувачки знаци уште пред паузата. Одговорноста е моја. Ќе анализираме што се случи, но сигурно нема да правиме драма. Не барам изговори, вистината е дека не бевме на нашето вообичаено ниво“, продолжи тренерот на Интер.
„Среќен сум со фудбалерите што ги имам на располагање. Некои од играчите се опоравија од повреди. Мехди Тареми сè уште има проблем по натпреварот со Лече. Хоакин Кореа сè уште е надвор. Треба да одговориме соодветно по овој пораз, ништо не е загубено“, истакна Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













