Connect with us

Инзаги: Да го победиш Реал во Мадрид е – историја

Интер го сака првото место во групата, но тренерот Симоне Инзаги уште повеќе од тоа посакува триумф над Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Во храмот на Реал „нероаѕурите“ имаат победено само еднаш, а Инзаги вели дека тоа би бил историски резултат за неговиот тим.


„Ова е многу важен натпревар за нас. И ние и Реал веќе се пласиравме во нокаут фазата и од таа гледна точка ќе бидеме растоварени. Тоа веројатно ќе донесе и многу подобар фудбал. Вечерва нема да имам тешка работа, затоа што и не треба посебно да ги мотивирам фудбалерите. Да се победи Реал во Мадрид, од тоа и нема поголем мотив. Тоа би не одвело на првата позиција, а би испишале и историја“, вели Инзаги.

Тој се надева дека може да го надмудри многу поискусниот италијански стратег на кормилото на „кралевите“.

„За него зборува неговата кариера. Пред првиот натпревар, разговаравме со Карло и секогаш е задоволство да размениш фудбалски ставови со него. Добро му оди во Ла Лига, навистина го предводи Реал Мадрид на врвно ниво“, истакна тренерот на Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови