Connect with us

Интересна ситуација: Ако Аталанта ги загуби двата меча во Серија А, Италија ќе има шест претставници во ЛШ

Аталанта го освои трофејот во Лига Европа, а тоа значи дека следната сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите. Триумфот на тимот од Бергамо ги зголеми шансите за Италија да добие неверојатни шест учесници во Лигата на шампионите следната сезона, а за тоа е потребно, верувале или не, Аталанта да ги загуби преостанатите два меча во италијанското првенство.

Покрај тоа што Аталанта стана шампион, тие треба да завршат на петтото место во Серија А за Италија да добие шести учесник. Засега се токму на петтата позиција, но имаат натпревар помалку од Болоња и Јувентус и доколку го добијат ќе ги прескокнат на табелата.

Болоња и Јувентус имаат по 68 бода и уште еден меч до крајот на сезоната, Аталанта има 66 бода и уште два натпревари до крајот.

Аталанта двата натпревари ги игра дома, против Торино и против Фиорентина.

Рома, која синоќа навиваше за триумф на Аталанта, сега ќе навива Аталанта да ги загуби преостанатите два меча во Серија А, за да обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови