
Интер успеа да извлече бод против Милан (1-1) во драматично „Дерби дела Мадонина“, благодарение на голот на Стефан Де Врај во 93. минута. Овој натпревар од 23. коло на Серија А донесе возбудлива борба, во која „нероаѕурите“ доминираа во нападот, но „росонерите“ беа прецизни во првиот дел.
Првиот гол на натпреварот го постигна Тијани Рејндерс во 45. минута, кога искористи одбиена топка и ја смести во мрежата на Интер. Милан беше фокусиран на контранапади и на паузата имаше минимална предност од 1-0.
Во второто полувреме, Интер го засили притисокот. Јан Бисек ја погоди стативата по еден корнер, а Хенрик Мхитарјан биеше покрај голот. Во 82. минута, Маркус Турам повторно ја погоди рамката од голот, оставајќи ги „нероаѕурите“ без израмнување.
Сепак, упорноста на Интер се исплатеше во 93. минута, кога Стефан Де Фрај погоди со глава по асистенцијата на Никола Залевски, осигурувајќи бод за својот тим.
Со овој резултат, Милан останува со 35 бода, додека Интер направи мал чекор назад во однос на водечкиот Наполи, но останува на втората позиција со натпревар помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
