Италијанскиот калчолигаш Интер сепак е на продажба иако клубот тоа го демантираше на официјалниот сајт. „Кориере дело спорт“ открива дека Стивен Жанг добил понуда вредна 500 милиони евра за да го продаде Интер на „BC Partners“, британски ивестициски фонд кој е заинтересиран да го преземе клубот од Милано. Во зделката е вклучена уште една моќна британска компанија „LionRock fund“.
„BC Partners“ е еден од најпознатите инвестициски фондови во Европа, кој во последниот период се повеќе работи и на Далечниот Исток, па така остварил контакти и со Стинен Жанг. Тие се подготвени веднаш да исплатат 300 милиони евра и да го преземат клубот, а останатите финансии да бидат исплатени на рати, во наредните 5-7 години.
Стивен Жанг и кинеската компанија „Suning“ сериозно ја разгледуваат можноста за продажба на Интер. Глобалната економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот сепак влијаела на функционирањето на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













