Италијанскиот првак Интер се откажа од Дуван Запата и ќе се обиде да го доведе Лука Јовиќ на „Џузепе Меаца“. Иако беше речиси сигурно дека Дуван Запата ќе премине од Аталанта во Интер, меѓу клубовите не е постигнат договор. Агентите на колумбискиот напаѓач најдоа заеднички јазик со управата на „нероаѕурите“, но очигледно е дека тој е заглавен околу отштетата.
Џузепе Марота се сврте кон нов напаѓач. Според италијанските медиуми, Лука Јовиќ, фудбалерот на Реал Мадрид и српската репрезентација, ќе дојде во Интер.
Во медиумите се појави гласина дека алтернативите се Кореа од Лацио и Инсиње од Наполи, но засега Јовиќ е најблиску до дресот на Интер и со задоволство би се испробал во Серија А.
Јовиќ за сума од 63 милиони евра од Ајнтрахт Франкфурт направи трансфер во Реал Мадрид пред две години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













