Интер е многу блиску до продолжување на договорот со својот најдобар играч Николо Барела (27).
Италијанскиот репрезентативец има договор со Интер до јуни 2026 година, но челниците на актуелниот вицешампион на Европа решијa да го „заклучат“ долго овој одличен играч.
Не без причина, бидејќи европскиот шампион Манчестер Сити има сериозна намера да го доведе во своите редови.
Новиот договор на Барела ќе има важност до 2029 година, пренесуваат италијанските медиуми, но не ги откриваат деталите. Сепак, не треба да има сомнеж дека Интер мораше добро да го „одврзе ќесето“ за да му парира на Сити и да го натера Барела да остане.
Барела беше една од најважните алки во италијанската репрезентација која пред три години го освои Европското првенство.
Со Интер речиси сигурно ќе го освои „скудетото“ оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













