Интер е заинтересиран за напаѓачот на Лестер, Келечи Ихеаначо. На „Џузепе Меаца“ размислуваат да достават понуда за Нигериецот во јануарскиот преоден рок, тврди FCInterNews.it.
Договорот на 27-годишниот фудбалер истекува по завршувањето на сезоната, па неговата цена на пазарот нема да биде особено висока. Токму тоа го привлече вниманието на „нероаѕурите“ кои се надеваат дека лесно ќе го доведат во своите редови.
Единствениот проблем со кој се соочува евентуалниот трансфер на Ихеаначо во Интер може да биде сериознаta конкуренција за неговиот потпис. За играчот се заинтересирани и Вулверхемптон и Кристал Палас.
Ангажманот на нов напаѓач е еден од приоритетите на Интер за зимската селекција. Покрај Ихеаначо, клубот таргетираше и неколку други имиња, меѓу кои Мехди Тареми од Порто, Сантијаго Хименез од Феенорд и Армандо Броја од Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













