Интер Мајами започна преговори со аргентинската ѕвезда Лионел Меси за продолжување на договорот, објави „Марка“. Актуелниот договор на 37-годишниот Аргентинец со клубот од МЛС – лигата истекува на крајот од оваа година.
Меси добил понуда за продолжување на договорот до крајот на 2026 година. Новиот договор може да вклучува и опција за евентуално позајмување на напаѓачот во европски клуб за време на паузата во МЛС.
Лионел Меси е дел од Интер Мајами од летото 2023 година. За клубот одигра 39 натпревари, постигна 34 гола и забележа 18 асистенции, со што значително придонесе за резултатите на тимот.
Интер Мајами се надева дека ќе успее да го задржи Меси долгорочно, со оглед на неговото влијание врз тимот и лигата. Доколку договорот биде постигнат, паузите во МЛС би можеле да му овозможат и краткотрајни ангажмани во Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













