Connect with us

Интер игра шампионски, Аталанта не знае што ја снајде на „Меаца“ (ВИДЕО)

Интер продолжува со фантастични игри во Серија А. „Нероаѕурите“ ја остварија 22. победа откако на „Џузепе Меаца“ ја декласираа Аталанта со 4-0. Сега Интер има 12 бода предност во однос на првиот конкурент Јувентус.

Матео Дармијан донесе водство за домаќинот во 26.минута, а Лаутаро Мартинез на крајот на првиот дел зголеми на 2-0.

Аргентинецот во второто полувреме не искористи пенал, но Ди Марко го постигна третиот гол во 54.минута. Серијата голови ја затвори Давиде Фратези во 72.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови