Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, е исклучително горд што е капитен на тимот на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Италијанците имаат гол предност од првиот натпревар, а токму Имобиле беше автор на победничкиот гол од пенал на „Олимпико“.
„Ако сакаме да бидеме запаметени дека сме направиле нешто посебно, не можеме да одиме по полесниот пат. Мораме да ја покажеме истата посветеност и подготвеност да си помогнеме како на првиот натпревар и да додадеме нешто повеќе бидејќи ни претстои тешко гостување. Очекувам многу неизвесен натпревар и сакам соиграчите да останат смирени. Мораме да работиме еден за друг. Само така можеме да го елиминираме Баерн. Вечерва сѐ ќе биде потешко, а атмосферата ќе биде жестока“, свесен е Имобиле.
Баерн Минхен вечерва ќе се обиде да надомести негатива од еден гол (0-1) од првиот дуел во Рим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













