Connect with us

Имери: Најслатко е кога ќе го победиш Вардар

Шкендија имаше убав старт на пролетниот дел од шампионатот. Во Тетово падна Вардар, најголемиот ривал за шампионската титула. И додека „вардарци“ зборуваат за непризнатиот гол на Филип Најдовски, во таборот на Шкендија се задоволни од триумфот и трите освоени бода. 

Среќен е и стрелецот на победничкиот гол, 19 – годишниот Омар Имери, кој во 23.минута успеа да го совлада Филип Гачевски.

„Многу е важно што стартувавме со триумф. Уште поважно е што го победивме директниот ривал за шампионската титула. Најслатко е кога ќе победиш Вардар. Среќен сум за постигнатиот гол, но уште посреќен што тимот стигна до посакуваната победа. Навивачите нека се радуваат, а ние сме веќе фокусирани на следниот предизвик, гостувањето против Македонија Ѓорче Петров. Сакаме да продолжиме во победнички стил и да ја обезбедиме титулата математички што е можно побрзо“, изјави Омар Имери.             

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови