Работнички оствари трет пролетен триумф, на арената „Тодор Проески“ го совлада тимот на Академија Пандев со 1-0, а стрелец на победничкиот гол беше одбранбениот фудбалер Виктор Велкоски во 56.минута. Тој одлично се снајде во шеснаесетникот по центаршутот на Херера од слободен удар и со удар од прва ја затресе мрежата на Душан Чубраковиќ.
Но, дали на голот на Велкоски му претходеше офсајд ситуација на дефанзивецот на „романтичарите“. Многу фудбалери беа во линија, а во моментот на изведување на слободниот удар втрчаа кон голот. Во тој момент, барем како што наведуваат од Академија Пандев, Велкоски се наоѓа во офсајд. Сепак, немаше рекламација од помошниот судија, Јован Качевски покажа на центарот, а на крајот и „романтичарите“ стигнаа до трите бода.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













