Илјадници навивачи присуствуваа на погребната поворка на легендата на Манчестер Јунајтед, Сер Боби Чарлтон на „Олд Трафорд“ на пат од стадионот до катедралата во Манчестер, каде што ќе се одржи приватна церемонија.
Чарлтон, светски шампион со репрезентацијата на Англија и еден од најголемите фудбалери на Манчестер Јунајтед, почина на 21 октомври на 86-годишна возраст.
Поранешниот менаџер на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, поранешните фудбалери, вклучувајќи ги Енди Кол и Пол Сколс, сегашниот национален селектор Герет Саутгејт и принцот Вилијам беа меѓу првите кои пристигнаа од повеќе од 1.000 поканети гости на богослужбата во катедралата.
Толпата обожаватели аплаудираа додека колоната стигна до статуата посветена на Чарлтон, Џорџ Бест и Денис Лоу, опкружена во нејзината база со кругови од стотици цветни букети и навивачки шалови.
Боби Чарлтон беше клучна фигура во шампионската репрезентација на Англија на Светското првенство во 1966 година, играјќи заедно со неговиот брат Џек. За Манчестер Јунајтед одигра 758 натпревари и постигна 249 гола.
Хари Мегваер, Џони Еванс, Том Хитон и Лук Шо беа меѓу актуелните играчи на Јунајтед кои присуствуваа, а многумина не беа во можност поради обврските со репрезентациите на нивните земји. Менаџерот Ерик тен Хаг исто така не можеше да присуствува поради обврска во Холандија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













