
Баже Илијоски повеќе нема да биде дел од македонската фудбалска сцена, откако извонредниот голгетер денеска обелодени дека става крај на својата богата кариера.Тој се повлекува со епитетот „крал на стрелците“, како најдобар стрелец во историјата на Првата Македонска Фудбалска Лига, со 146 гола зад своето име.
Баже Илијоски одлуката ја обелодени преку порака на својот фејсбук-профил, заблагодарувајќи се на сите оние со кои соработувал низ годините, посебно место сочувувајќи за Работнички, клубот во кој мина најдолго време во својата кариера.
„Сакам да се заблагодарам на сите кои што изминативе години беа со мене во текот на мојата фудбалска кариера. На сите мои соиграчи, тренери, судии, новинари. Посебна благодарност до сите клубови кој што ми дадоа шанса да бидам дел од нивните истории и до сите они кои што заедно се радувавме и жалевме. „Голема благодарност до моето семејство кој што беа покрај мене и кога беше најдобро и кога беше најтешко… Посебна благодарност до мојот Работнички кој ме научи што значи да се сака и живее за успех и фудбал. Големо Благодарност до фамилиите Костовски и Поповски кој што ме прифатија како нивно дете и ја држеа вратата отворена секогаш за мене… мислам дека е време да им отстапам место на помладите и желни за успех. На сите ви посакувам многу здравје и уште поголем успех“ – напиша Илиоски на ФБ-профилот.
Баже Илијоски се решава на ваков чекор на 34-годишна возраст, завршувајќи ја кариерата како член на Работнички, тим за кој настапуваше во шест различни периоди. Од македонските клубови тој го носеше и дресот на Металург, Пелистер и Шкупи, а меѓународната кариера ја градеше во Јужна Кореја (Инчон), Јапонија (Гифу), Романија (Брашов и Рапид) и Тајланд (Багкок Глас и Келантан).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?
