
Брегалница, согласно планираното, е меѓу водечките екипи во Втората лига – Исток по есенскиот дел од шампионатот со отворена можност за атак на врвот и во пролетниот дел од првенството.
Анализирајќи го есенскиот дел од сезоната, шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски вели дека генерално „сините“ може да бидат задоволни од сработеното, иако секогаш може и повеќе.
„Осврнувајќи се на полусезоната која е зад нас може да го констатирам следното: Со игрите во подготвителниот период и игрите на почетокот од сезоната се наметнавме како главен кандидат за првото место во лигата… Сепак, сето тоа кај помладите фудбалери во тимот создаде дополнителен притисок па имаше извесни осцилации во играта на одредени натпревари“ – вели Илиевски притоа дополнувајќи:
„Јасно е дека во фудбалот нема планирани бодови, па затоа генерално може да бидеме задоволни од сработеното иако секогаш може и повеќе. Задоволство е и што сме во четвртфиналето во Купот на Македонија елиминирајќи го во осминафиналето минатогодишниот финалист, Македонија ЃП, а сега и со добри шанси по реваншот со Лабуништа и за полуфинале во најмасовното домашно клупско натптреварување“.
Кога станува збор за амбициите во вториот дел, Илиевски со јасен став дека останува трката за првото место на табелата, но јасно е дека за зимската пауза ќе треба да се работи на подобрување на одредени сегменти во тимот…
„Нашите амбиции како клуб секако се исклучително високи. Но, мислам дека резултатите од есенскиот дел се реални. Ни останува да работиме на подобрување сите сегменти и да бидеме уште подобри во пролетниот дел од првенството“ – истакнува Добринко Илиевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
