Connect with us

Икарди ги разреши дилемите – останува во ПСЖ

10Аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди ќе остане во Пари Сен Жермен, иако беше поврзуван со можно враќање во Италија каде за него се интересираат Рома, Јувентус, Милан и Наполи. Но, напаѓачот на „светците“ на социјалните мрежи јасно стави до знаење дека ќе остане во ПСЖ.

„Оваа сезона, наредната и наредната. Немало никаков сомнеж. Ајде ПСЖ“, истакна Мауро Икарди.

Жозе Мурињо беше најупорен да го доведе Икарди во Рома, а Аргентинецот се споменуваше и како дел од можна размена со Јувентус за Кристијано Роналдо.

Advertisement

Facebook

Тимови