Шкендија оствари минимална победа над Академија Пандев и уште повеќе ја зголеми предноста на врвот на табелата во Првата фудбалска лига. Стрелец на победничкиот гол беше Бесарт Ибраими кој стигна до бројката од 19 гола во шампионатот.
„Одлично е чувството што постигнав гол и на четврти натпревар во низа. Сепак, тимскиот резултат е секогаш во преден план за мене. Среќен сум што Шкендија влезе во победничка серија која сакаме да ја продолжиме и на следниот меч против Беласица. Наша цел е што побрзо да ја обезбедиме титулата“, изјави најдобриот стрелец на Шкендија.
Бесарт Ибраими и оваа сезона чекори кон индивидуалното признание за најдобар стрелец во македонскиот шампионат.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski